Пред неколку дена големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави, дека сака да остане во редовите на „црвените“ доколку добие поголема плата.
Според наведеното од – „Telegraph“, фудбалерот чиј актуелен договор истекува за 17 месеци побарал да добива по 400.000 фунти неделно. Тоа е речиси колку примањата на Кевин Де Бруин кој неодмна го продолжи договорот со Манчестер Сити.
29-годишниот репрезентативец на Египет од почетокот на сезоната постигна 23 гола и запиша девет асистенции за Ливерпул на 26 настапи во сите конкуренции.