Ливерпул во неизвесност ги очекува лекарските прегледи кои треба да бидат направени денеска за да се дознае степенот на повредата на најдобриот фудбалер на „црвените“ оваа сезона, Мо Салах. Тој се повреди на стартот на второто полувреме на синоќешниот меч со Манчестер Сити во четврфиналето од Лигата на шампионите.
„Мо ми рече дека чувствува мала непријатност и тоа ми беше доволно да го заменам, без дури да го прашам лекарот. Потоа го прашав како е и тој ми рече дека е доста подобро. Сега сепак треба да ја почекаме вистинската дијагноза , а не онаа која тој ја дава сам“, изјави Клоп пред новинарите по мечот синоќа.
Египќанецот го отвори со гол синоќешното блескаво издание на „црвените“ во победата над Сити од 3:0.