Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, ја победи конкуренцијата за наградата за најдобар играч во Лигата на шампионите оваа недела. Тој освои 57% од гласовите и дојде до престижната награда.
Салах постигна гол и асистираше за уште еден во победата од 3:0 на Ливерпул против Манчестер Сити во првиот 1/4-финален натпревар од турнирот. Иако Египќанецот да се повреди и мораше да биде заменет малку по паузата, тој остави исклучително добар впечаток со настапот.
Поранешниот фудбалер на Рома и Фиорентина го надмина дури и Кристијано Роналдо кој постигна два гола на мечот со Јуве, од кој еден прекрасен со ножички.