Египетскиот напаѓач од екипата на Ливерпул, Мохамед Салах ја презема лидерската улога на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите. Голот на Салах на синоќешниот дуел со Наполи во мечот од 6. коло од групната фаза беше негов седми оваа сезона во групната фаза.
Салах сега има еден гол повеќе од напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, со тоа што Французинот денеска ќе игра во Торино против Јувентус, па има шанси да се израмни, па дури и да го симне Салах од првото место.
По пет гола во оваа фаза имаат напаѓачот на Порто, Мехди Тареми, напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски и напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.