Мохамед Салах сруши уште еден рекорд во Ливерпул, а за тоа стигна кога го реализираше пеналот на стартот на вториот дел на мечот со Црвена Ѕвезда од Белград кој го добија со 4:0, а Салах беше стрелец на два гола.
Со постигнувањето на тој втор гол на оваа средба Мохамед Салах всушност дојде до својот 50-ти гол во дресот на „црвените“, а за тоа му беа потребни само 65 средби. Салах дојде во Ливерпул минатото лето и од тогаш постигна 50 гола за Ливерпул на само 65 одиграни натпревари.
Досега рекордот на постигнати 50 гола во дресот на Ливерпул во најмалку натпревари го држрше Алберт Стабинс кој ова достигнување го имаше во 77 натпревари.
Најбрзиот до 50 голови во дресот на Ливерпул:
Мохамед Салах – 65 настапи
Алберт Стабинс – 77 настапи
Роџер Хант – 79 настапи
Џорџ Алан – 81 настапи
Џек Паркинсон – 81 настапи
Сем Рејбулд – 81 настапи
Фернандо Торес – 84 настапи

