Освојувањето на титулата во Англија и онаа во Лигата на шампионите пред една година во никој случај не го тера Мохамед Салах да размислува за заминување од Ливерпул и евентуално да се докажува во друг клуб.
Пред извесно време, напаѓачот беше поврзуван со Реал Мадрид, но сега тој објави дека не размислува за трансфер.
„Не можам да го опишам чувството на освојување на титулата по 30 години чекање“, изјави Салах. „Многу сум среќен. Уживам во сè во Ливерпул, го сакам ова место и се надевам дека ќе останам овде долго. Тука е многу различно од другите места. Сите во тимот се дружиме совршено. Ако продолжиме вака, можеме да постигнеме повеќе. Тешко е да се одржи сегашното ниво, но не е невозможно“ додаде Салах.
Мохамед Салах е на „Енфилд“ три сезони, постигна 92 голови на 145 натпревари. Неговиот договор со Ливерпул е до летото 2023 година.