Голот на напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах против Тулуз (5:1) во Лигата на Европа синоќа беше 43-ти за Египќанецот во европските клупски натпреварувања. Ниту еден играч досега не постигнал повеќе голови за англиски клуб во Европа.
Досегашниот рекордер по бројот на постигнати голови за еден англиски тим во европските натпреварувања беше Тиери Анри со 42 гола. Третото место на импровизираното рангирање го зазема поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро со 40 гола.