Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах го собори рекордот на легендата на „црвените“ Стивен Џерард по голови за клубот во европските натпреварувања.
Во натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Египјанецот го постигна својот 42. гол како дел од англискиот тим на европските турнири.
Салах го надмина рекордот на Стивен Џерард од 41 европски гол за Ливерпул.
Да потсетиме, во стартните 14 минути од првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите, Ливерпул успеа двапати да го совлада Тибо Куртоа, но Реал Мадрид на ова одговори со по два гола на Винисиус Жуниор и Карим Бензема. Едер Милитао постигна уште еден гол за својата екипа за победа од 5:2. Реваншот ќе се одигра на 15 март на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.