Мохамед Салах кој го постигна вториот гол за Ливерпул на вчерашниот меч со Њускал одигран во рамките на фудбалската Премиер-лига на Англија, успеа да го изедначи рекордот на Џејми Варди.
За репрезентативецот на Египет тоа беше 15-от натпревар во серија на кој успева да постигне барем еден гол или да направи асистенција.
Салах доколку погоди на наредниот меч, тогаш ќе избие на челната позиција во тој статистички показател во најсилната фудбалска лига на Островот.
