Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, призна дека трофејот во Лигата на шампионите е попрестижен од Премиер лигата, но тој е подготвен да го жртвува својот сон за неговиот клуб и за градот.
„Ќе бидам искрен со вас, најпрестижното натпреварување за мене е Лигата на шампионите. Но сонот за целиот град и клубот е титулата во Премиер Лигата. Затоа ќе бидам среќен да го жртвувам мојот сон за нив, но ако победиме и во двете конкуренции, би било одлично. Тоа е она што ние се обидуваме да го направиме. Конкуренцијата е многу голема и имаме тешки натпревари до крајот, како и Манчестер Сити. Сè што можете да направите е да ги добиете вашите натпревари и да се надевате дека во еден од нив ќе загубат конкурентите и со тоа ќе ја освоите титулата. И покрај притисокот кој го имамем сепак ќе се обидеме да дојдеме до титулата во Премиер лигата, јас сум психолошки подготвен за сè “, изјави Салах.