Министерот за спорт на Египет, Халед Абдел Азиз, преку неговиот профил на – „Фесјбук“, објави, дека Мохамед Салах кој се повреди на вчерашниот меч со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, ќе се рехабилитира најмалку две недели.
„Салах има проблем со рамото, тоа е простата дијагноза. Се очекува неговото лекување да трае две недели. Медицинскиот штаб на националниот тим ќе има континуирана соработка со колегите од Ливерпул кои ги направија прелиминарните истражувања“ – напиша Азиз.
„Салах откако ќе ја заврши рехабилитацијата во Ливерпул, ќе и се приклучи на нашата репрезентација на подготовките во Италија ” – наведе Азиз. Светското првенство започнува на 14-ти јуни а ривали на Египет ќе бидат: Уругвај, Русија и Саудиска Арабија.