Мохамед Салах не крие против кого сака да игра во финалето на Лигата на шампионите. „Црвените“ се прв финалист во годинешното издание на најквалитетното клупско натпреварување и вечерва ќе го дознаат својот ривал на финалето во Париз.
„Ако мене лично ме прашувате, сакам да играм против Реал Мадрид“, одговори Салах.
Тој не крие дека сака да му се реваншира на Реал за поразот во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година, кога „кралевите“ славеа со 3:1 благодарение на грешките на поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус, а во споменатото финале Серхио Рамос го повреди Салах.

