Ѕведата на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека е опуштен во врска со својата одлука да замине од клубот на крајот од сезоната. Египетскиот репрезентативец ќе го заврши својот деветгодишен престој на „Енфилд“ ова лето, откако постигна договор со клубот за раскинување на двегодишниот договор што го потпиша пред 12 месеци.
„Сметам дека е исправно да си заминам по завршувањето на сезоната и сум задоволен од тоа“, рече тој во интервју со поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, за „ТНТ Спортс“.
„Сезоната беше тешка за сите нас… Не сакам да кажувам премногу. Среќен сум поради тоа, сè што се случува оваа сезона ме тера да помислам: „Не, време е да си одам“, па затоа сум среќен“, додаде тој.

