Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека ги сменил копачките на полувремето на мечот со Њукасл, на кој во првиот дел промаши пенал.
„За време на паузата разговаравме за пропуштените шанси. Решив да ги сменам копачките, затоа што со тие со кои почнав дур вчера почнав да тренирам. Тоа не е никакво суеверие, но сакав да ги сменам. Ги сменив и се смирив“, изјави Салах.

