Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека ова е неговата последна сезона во клубот. Египќанецот веднаш по големата победа на „црвените“ со 0-3 над Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ пред новинарите објави дека нема нов договор.
„Имав убаво лето и доста време за себе, за да останам позитивен, бидејќи, како што знаете, ова е мојата последна година во клубот. Сакам само да уживам и да не размислувам за тоа. Чувствувам дека имам слобода да играм фудбал, а потоа ќе видиме што ќе се случи следната година“, изјави Салах.

