Ѕвездата на репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах, изјави дека е подготвен да игра уште на првиот натпревар за својата селекција на Мундијалот против Уругвај.
25-годишниот напаѓач на Ливерпул се опоравува од повредата на рамото, која ја доби за време на финалето на Лигата на Шампионите.
„Се чувствувам добро. Очекувам да играм на натпреварот против Уругвај. Не знам до каде можеме да дојдеме на ова првенство, но добро сме подготвени и имаме големи надежи. По 28 години повторно учествуваме на светски шампионат и тоа ни дава голема самодоверба“, изјавил Салах.