Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах ја коментираше можноста да го достигне рекордот на Роби Фаулер на постигнати голови за Ливерпул во англиската Премиер лига. Со 127 голови во Премиер лигата за Салах, Фаулер има само еден гол повеќе од египетскиот напаѓач, односно 128 гола.
„Дали бркам рекорди? Да, особено ми е значаен овој рекорд. Мислам дека тој е навистина посебен за мене. Мислам дека по првата сезона во Премиер лигата имав 31 гол и мислев дека сакам да бидам најдобар стрелец на Ливерпул во историјата на Премиер лигата. Постојано ја чував во мојата глава идејата дека треба да го стигнам. Тоа беше еден од изворите на мотивација. Секој ден се будев и мислев дека сакам да го соборам овој рекорд. Моментот кога ќе станам број еден во Ливерпул ќе биде многу посебен. Да, навистина го бркав овој рекорд. Мислам дека станав повнимателен на бројките. Не знаев колку сезони ќе поминам овде, колку сезони ќе бидат потребни за да се собори овој рекорд. Да го собориш рекордот во 6 сезони е супер. Ќе бидам многу горд на ова“, изјави Салах за „Sky Sports“.
Салах може да го собори рекордот уште денеска, во мечот со Манчестер Јунајтед.