Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Салах сигурно ќе игра за Египет на СП во Русија
    Фудбал

    Салах сигурно ќе игра за Египет на СП во Русија

    risteBy riste31/05/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Египетската фудбалска асоцијација (EFA) потврди официјално дека најголемата ѕвезда на Ливерпул Мохамед Салах ќе игра за „фараоните” на Светското првенство во Русија од 14 јуни до 15 јули.

    Во соопштението се вели дека поради добиената повреда во рамото за време на финалето во Лигата на Шампионите минатата сабота Салах ќе се опоравува три недели, но учеството на Мундијалот не е загрозено. 25-годишниот напаѓач денес имаше дополнителни испитувања во Шпанија, каде што ќе се одвиваат процедурите за негово заздравување.

    Мохамед Салах имаше импресивна прва сезона во дресот на Ливерпул, но за време на натпреварот за трофејот во Лигата на шампионите се повреди по дуелот со Серхио Рамос од Реал Мадрид, кој го освои трофејот по победата од 3:1 над Ливерпул. Салах беше принудно заменет по половина час игра во финалето во Киев. Мохамед Салах до овој момент има одиграно 57 натпревари во дресот на Египет и ја имаше главна улога за пласманот на тимот на Мундијалот во Русија со головите во квалификациите. Тој сигурно ги пропушта контролите на Египет против Колумбија (1-ви јуни) и Белгија (6-ти јуни).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.