Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах повика на прекин на, „масакрите“ во Газа. Тој во видео порака вели дека хуманитарната помош мора веднаш да влезе во опколената палестинска енклава.
„Никогаш не е лесно да се зборува во вакво време, имаше премногу насилство и премногу потресна бруталност… Сите животи се свети и мора да се сочуваат“, рече Салах, додавајќи: „Масакрите мора да престанат. Семејствата се распарчуваат.. Јасно е дека хуманитарна помош за Газа мора веднаш да се дозволи. Луѓето таму се во ужасни услови“.