Ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах се запиша на два пати во листата на стрелците при вчерашната победа со 4:3 над Кристал Палас и така ја заокружи бројката од 50 погодоци во 72 натпревари од Премиер лигата. На овој начин тој се израмни со поранешниот напаѓач на Ливерпул Фернандо Торес, кој дојде до толку голови за ист број средби во англиската фудбалска елита.
Салах е четвртиот играч во историјата на ова првенство во однос на најбрзо постигнати 50 гола. Пред него се само легендите Енди Кол (во 65 дуели), Алан Ширер (во 66) и Руд Ван Нистелрој (во 68), оставајќи зад себе голгетери како Серхио Агуеро (во 81), Тиери Анри (во 83) и Кевин Филипс (на 83 натпревари). Тој постигна 48 погодоците во дресот на Ливерпул, а првите два се во дресот на Челзи, кога играше за лондончани во сезоната 2013/14.
Исто така, 26-годишниот фудбалер стана осмиот африкански играч кој постигна 50 гола во Премиер Лигата. Повеќе од него имаат постигнато Дидие Дрогба (104), Емануел Адебајор (97) и Јакубу. Можеме да очекуваме дека наскоро Сала може да се искачи на неколку места погоре на оваа ранглиста, бидејќи другите четири фудбалери пред него постигнаа само 12 гола повеќе, еден од нив е неговиот соиграч Садио Мане со 52 гола.
Имаше и друг историски гол на вчерашниот натпревар. Роберто Фирмино го постигна погодокот број 1000 за Ливерпул на „Енфилд” во Премиер лигата и така тимот стана само четвртиот со ова достигнување по Манчестер Јунајтед (1094), Арсенал (1043) и Челзи (1005) постигнати гола на домашен терен.