Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека сака повторно да ја освои Лигата на шампионите.
„Сакам повторно да го оживеам чувството што го почувствував откако ја освоив Лигата на шампионите за прв пат. Беше неверојатно, впечатоците кога шетавме низ градот со трофеј во автобус беа неверојатни“ – вели Салах за официјалниот сајт на „црвените“.
Англичаните утре ќе го пречекаат Вилјареал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Реваншот ќе се одигра на 3 мај.