Англиските медиуми најавија дека фудбалерот, Мохамед Салах, на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул.
Наводно, екипата од „Енфилд“ дефинитивно е подготвена да се раздели со репрезентативецот на Египет доколку пристигне добра понуда од Саудиска Арабија.
Згора на тоа и 31-годишниот напаѓач, има изјавено дека сака да ја промени средината па дури и континентот алудирајќи на богатите понуди од Арапскиот Полуостров.

