Мохамед Салах кој вчера погоди во мрежата на Кристал Палас а неговиот тим Ливерпул забележа сигурна победа од 4-0, вели дека дојде време „црвените“ да се радуваат на шампионската титула во Премиер лигата.
„Постојано зборувам дека сакам да ја освојам титулата. Дојде време нашите навивачи конечно да се израдуваат. За тоа ни треба само уште два бода“ – вели Салах.
Екипата од „Енфилд Роуд“ чека цели 30-ет години за да го обезбеди шампионскиот пехар во најсилната фудбалска конкуренција на Англија.