Салата – „Боро Чурлевски“ во Битола е во ново руво за новата сезона. Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер в среда против Колштад од 18.45 часот ќе го одигра првиот меч во Лигата на шампионите.

Општината заедно со јавните претпријатија, приватните фирми и приватниот партнер на клубот, ги направи инфраструктурните промени согласно пропишаните европски стандарди.

Еурофарм Пелистер покрај мечот со Колштад, во Битола ќе игра и со Алборг, Кил, Сегед, Загреб, Киелце и ПСЖ.