Екипата на Салцбург ја освои и петтата последователна титула во Австрија. Тимот победи против Штурм со 4:1 и веќе има недостижна предност од 14 бода на три кола пред крајот на шампионатот.
Салцбург беше елиминиран од Олимпик Марсеј во полуфиналето во Лигата на Европа пред неколку дена, но успеа да ја задржи концентрација за домашното првенство и да го обезбеди трофејот.
Откако Ред Бул е спонзор на клубот од 2005 година, во последните 12 сезони, тимот има 9 титули.