Македонскиот фудбалски шампион Шкендија се враќа со убедлив пораз од гостувањето во Австрија кај РБ Салцбург.
Домашната екипа го искористи искуството и грешките на Шкендија за да дојде до убедлива победа од 3:0 пред реваншот во Скопје на 14 август. Салцбург поведе во 16.минута од пенал кој го изведе Дабур, додека на истекот на првото полувреме по центаршутот на Јонузовиќ, Дабур малку ја закачи топката за да го измами голманот Захов и да заврши во мрежата на Шкендија. Во првото полувреме Шкендија се закани бреку Ибраими и Стенио Жуниор , но не успеа да постигне гол.
Во вториот дел Шкендија тргна многу поофанзивно, но остави простор кој го искористи Салцбург и успеа преку втор пенал и гол на Самасеку да дојде до убедлива предност од 3:0. Во финишот од мечот имаше и прекин на натпреварот ппоради невремето кое предизвика и прекин на електричното напојување на стадионот.
Реваншот меѓу Шкендија и Салцбург ќе се игра на 14.август во Скопје, но како што стојат работите ќе биде само формалност за гостинската екипа.