Италијанска Салернитана официјално го отпушти тренерот Пауло Соуса. 53-годишниот стратег се раздели со тимот по серијата лоши резултати од почетокот на сезоната.
Тимот е 19-ти на актуелната табела, сè уште без победа од почетокот на сезоната. Се очекува нов тренер на Салернитана да биде Филипе Инзаги.
Пауло Соуса седна на клупата на тимот од Салерно во февруари и го предводеше на 25 натпревари.