Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Салиба и Арсенал го продолжуваат договорот до летото 2030 година
    Фудбал

    Салиба и Арсенал го продолжуваат договорот до летото 2030 година

    risteBy riste30/09/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо објави за продолжувањето на договорот на централниот дефанзивец Вилијам Салиба со лондонски Арсенал. Според новинарот, новиот договор ќе важи до летото 2030 година.

    „Новиот договор на Вилијам Салиба со Арсенал е пет години, до јуни 2030 година. Сè е готово. Салиба потпиша нов договор со Арсенал. И ова е одлична вест за Арсенал, не само затоа што Салиба останува, туку и затоа што тоа се случи на почетокот на сезоната за да се избегнат гласини и шпекулации за интересот на Реал Мадрид“ објави Романо.

    Бидејќи Реал Мадрид беше вистински заинтересиран за Салиба – не стануваше збор само за медиумски гласини – и тоа е клучно за Арсенал и за самиот Салиба. Директорот на Арсенал, Андреа Берта, беше нетрпелив да го обнови договорот што е можно побрзо откако им понуди нов договор на играчот и на неговиот агент во август.

    „Сега сè е готово. Агентот на Салиба во Англија ги заврши сите формалности, а официјалното соопштение ќе биде наскоро. Ова се прекрасни вести за „Топџиите“, бидејќи ќе можат да го задржат еден од најдобрите играчи во светот во клубот уште пет години“, рече Романо во емисија на неговиот личен YouTube канал.

    photo: arsenal.com

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.