Арсенал нема да му го продолжи престојот на младиот фудбалски талент, Вилијам Салиба во Сент-Етјен што значи дека тој ќе мора се врати во Англија.
Причина за тоа е финансискиот дел кој Французите не сакаат да го исполнат. Интересно е тоа што Салиба во 2019 година токму од Сен-Етјен замина во Арсенал со трансфер од 27 милиони фунти, но, веднаш беше вратен кај „зелените“ како позајмен фудбалер.
Бидејќи Сент-Етјен на 24 јули го чека финалето на Купот против ПСЖ, тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјавил, дека без проблем ќе му дозволи на младиот фудбалер да го одигра мечот и дури потоа да се врати во Лондон.