Навивачите на Арсенал беа запрепастени кога видоа дека Вилијам Салиба не е вклучен во составот вчера против Челзи на „Стемфорд Бриџ“, а од клубот веднаш објавија дека Салиба поради повреда заработена на тренинг ќе мора да го пропушти натпреварот.
Артета не прецизираше точно за каков проблем станува збор додека се обраќаше пред медиумите пред и по натпреварот, но откри дека централниот дефанзивец ќе биде подложен на дополнителен преглед од медицинскиот персонал во понеделник за да се утврди степенот на проблемот.
„Мислам дека ќе има уште еден тест за да видиме до кој степен е тоа чувство, таа сензација што ја имаше, а потоа ќе знаеме повеќе“, рече Артета. Според англиските медиуми Салиба може да се очекува во тимот веќе на слендиот натпревар.

