Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, вели дека Баварците планираат да ја продолжат соработката со 19 – годишниот фудбалер, Џамал Мусиала, кој ги бранеше боите на Германија на Мундијалот во Катар.
„Пред Светското контактиравме со неговата мајка и со неговите агенти. Ние сакаме да го задржиме во екипата на подолг период. Секако ќе седнеме да преговараме„ – изјави Салихамиџиќ за весникот „Билд“.
Мусиала, прв пат го облече дресот на Берн Минхен во 2019 година. Неговиот сегашен договор истекува во 2026-та.