Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, планира да отпатува за Англија оваа недела за лично да се сретне со шефовите на Ливерпул и да преговара со 30-годишниот крилен напаѓач, Садио Мане.
Салихамиџиќ во изминатите неколку дена беше во активна комуникација со спортскиот директор на Ливерпул, Џулијан Вард за обезбедувањето на потписот на Мане. Ливерпул му вети на Мане дека нема да му пречи во желбата да си замине. Агентот на играчот Бјорн Беземер веќе го известил раководството на клубот за желбата на неговиот клиент да се пресели во Баерн. Сите страни сакаат разделбата да помине во пријателска атмосфера без никакви проблеми.
Во Баерн се надеваат дека Ливерпул ќе им се заблагодари за трансферот на Тиаго, кој во англискиот клуб дојде пред две години за 25 милиони евра.

