Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, не го интересираат најавите дека ПСЖ нема да биде комплетен на денешниот меч во Лигата на шампионите.
Тука се мисли на шпекулациите дали рековалесцентниот Килијан Мбапе ќе се појави на теренот иако претходно пропушти неколку мечеви.
„Тие имаат многу ѕвезди. Меси е светски шампион. Имам голема доверба во нашиот тим. Имаме почит кон ПСЖ но, не и страв“ – вели спортскиот директор на германскиот тим.