Спортскиот директор на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, вели дека е задоволен што тимот во текот на летото ќе добие нов тренер во името на Јулијан Нагелсман кој ќе потпише договор за наредните 5 години.
„Разговорите беа многу конструктивни. Сигурен сум дека со него добро ќе се забавуваме“– изјави Салихамиџиќ.
Во исто време, претседателот на Баварците, Херберт Хајнер, нагласи дека Нагелсман доаѓа од новата генерација на млади тренери и дека ќе има големи успеси.

