Саудискиот принц, Мохамед бил Салман, не се откажува од намерата да го купи фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед.
Според последните наводи од Англија, познатиот милијардер е подготвен да испрати фантастична понуда до семејството Глејзер и да го откупи мнозинскиот пакет од акциите. Американските сопственици на „црвените ѓаволи“ кои го купија клубот во 2004 година за 790 милиони евра, сега може да добијат многу повеќе доколку се определат да ја прифатат понудата.
Синот на саудискиот крал, Абдулазиза Ал Сауда, е еден од најбогатите и најмоќните луѓе на планетава.