Бруно Салтор, кој времено ќе ја има улогата на главен тренер во екипата на Челзи, вели дека не спиел многу пред денешниот меч со Ливерпул во рамките на фудбалската Премиер-лига.
„Како што знаете, клубот побара од мене да истапам и да бидам професионалец.Тренер сум четири години но, Грем беше главен и тој го имаше последниот збор. Сега јас сум главен, против Ливерпул за прв пат ќе одберам стартен состав. Имам голема одговорност и ќе го дадам најдоброто“ – вели Салтор.
Мечот меѓу Челзи и Ливерпул ќе биде одигран доцна вечер со почетокот во 21.00 часот на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.