Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички го назначи Горан Самарџиев за нов тренер за продолжението од сезоната.
Откако Димитар Мираковски доби отказ по дербито со МЗТ Скопје, Самарџиев, кој во минатото играше за екипата од Градски парк, сега ќе има друга улога.
Тој доаѓа од словачкиот Комарно во кој се задржа краток период. Претходно, работеше и во тимот на Еуро Никел.