Играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира може да го напушти клубот во текот на зимскиот преоден рок, објави „Билд“.
33-годишниот Германец со туниско потекло не е во плановите на тренерот на италијанскиот шампион Андреа Пирло. Оваа сезона, играчот за врска нема ниту една минута настап за Јувентус и не се најде ниту во групата за натпреварите.
Раководството на Јувентус му нуди на Кедира да го раскине договорот со заедничка согласност и тоа најверојатно ќе се случи во јануари, по што играчот ќе може да се пресели во друг клуб како слободен агент. Минатата сезона, играчот за врска играше 18 натпревари за екипата од Торино.
