Напаѓачот Никлас Фулкруг го постигна победничкиот гол за Германија во победата од 2:1 над Холандија во пријателски натпревар како дел од подготовките на двете екипи за УЕФА ЕУРО 2024 година.
Напаѓачот на Борусија Дортмунд е игра одлично во националниот дрес, кој првпат го облече пред Светското првенство во Катар во 2022 година.
Фулкруг одигра 15 натпревари за Бундестимот, постигнувајќи 11 гола. Тоа значи дека само двајца играчи имаат подобар старт во германската репрезентација од Фулкруг. Тоа се Мирослав Клосе и Серж Гнабри, кои на првите 15 натпревари за репрезентацијата имаат по 13, односно 14 гола.