Ривалството меѓу Ливерпул и Манчестер Сити во текот на изминатите три години нуди исклучително емотивни моменти за љубителите на англискиот фудбал.
Без разлика што се случува на теренот, сепак, Пеп Гвардиола и Јирген Клоп постојано даваат пример за големо меѓусебно почитување, кое им го пренесуваат и на своите фудбалери. Вчера „граѓаните“ го одржаа своето ветување, а со тоа и традицијата на англискиот фудбал, пречекувајќи ги гостите од Ливерпул со шампионски шпалир. Единствениот играч кој направи исклучок и не им аплаудираше на новите шампиони беше Бернардо Силва.
Португалецот, кој не беше дел од стартната постава на Манчестер Сити, а влезе во игра во 79-та минута, се најде до своите соиграчи, но одби да им аплаудира новите шампиони заедно со колегите од тимот. Силва стоеше во редот , но држеше чаша во едната рака, па дури и пиеше од неа додека играчите на Ливерпул поминува покрај него. Навивачите на социјалните медиуми ја забележаа оваа реакција на Бернардо Силва, а неговите постапки предизвикаа измешани реакции.

