Екипата на Манчестер Јунајтед будно го следи голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
Јунајтед летово го ангажираше Андре Онана од Интер, но камерунскиот голман имаше слаб старт во клубот од Премиер лигата. Затоа, „црвените ѓаволи“ се насочиле кон Облак како можна замена доколку Онана не го подигне нивото на игра.
30-годишниот Облак настапува во Атлетико Мадрид од летото 2014 година, кога се пресели во клубот од Бенфика. Атлетико Мадрид има договор со словенечкиот голман до 2028 година.