Само уште две непополнети места останаа за осминафиналето во Лигата на шампионите на пролет. По синоќешните дуели веќе станаа познати 14 од вкупно 16 патници во нокаут-фазата на најквалитетното европско клупско натпреварување.
Откако претходно беше јасно дека Интер, Порто, Ливерпул, Манчестер Сити, Наполи, Реал Мадрид, Баерн, Бриж, Борусија Дортмунд, Челзи, ПСЖ и Бенфика обезбедија осминафинале, синоќа карта за нокаут-фазата обезбедија и Ајнтрахт и Тотенхем.
За преостанатите два билети за плејофот денеска силите ќе ги одмерат претставниците на групата „Е“, каде Милан ќе ги одмери силите за второто место со Ред Бул Салцбург, како и групата „Ф“, во која Шахтјор се уште има шанси да го освои второто место во конкуренција на РБ Лајпциг.