Поранешиот селектор на фудбалерите на Аргентина, Хорхе Сампаоли, објасни зошто напаѓачите, Паоло Дибала и Мауро Икарди, не добија вистинска шанса на Светското првенство во Русија. Напаѓачот на Јувентус одигра само 22 минути а Икарди воопшто не беше повикан.
„Сакавме да победиме, затоа се определив да повикам повеќе репрезентативци кои беа активни пред четири години на Мундијалот во Бразил“ – вели Сампаоли со напомена дека Дибала и Икарди ги планирал за наредниот период.
„Имавме краток, долг и среден план за развој на нашата репрезентација. Нашите планови беа за околу 100 играчи, но, по тоа во Русија сè беше готово“ – вели поранешниот селектор на „гаучосите“.