Фудбалерите на Сампдорија по подобро изведување пенали го елиминираа градскиот ривал Џенова и се пласираа во следната рунда од Купот на Италија.
Ова беше дуел на големите и лути градски ривали, а актуелниот второлигаш успеа да им приреди голема радост на своите фанови. На самиот натпревар, но и на улиците на Џенова во близина на стадионот, пред и по натпреварот беше бурно во режија на хулиганите на двата клуба.
Полицијата на најголемото италијанско пристаниште во текот на денот имаше полни раце работа, на улиците беше „на сила“ вонредна состојба поради стотици навивачи подготвени да се пресметаат во секој момент. Жестоки судири имало на неколку точки во градот.

