Сампдорија и официјално го објави привлекувањето на поранешниот играч од средниот ред Милан и Џенова, Андреа Бертолачи.
Играчот пристигнува како слободен агент и може веднаш да биде користен од новиот тренер на екипата. Тој потпиша едногодишен договор. 28-годишниот Бертолачи ги одигра своите најдобри со тимот на Џенова помеѓу 2012 и 2015 година, кога стигна до италијанската репрезентација и одигра 5 натпревари.
Тогаш беше продаден за 20 милиони евра во Милан, каде не успеа да го покаже најдоброто за што има способност и одигра 54 натпревари при што постигна 2 гола во дресот на „росонерите“. Тој беше ослободен во текот на летото кога му истече договорот.
Во Сампдорија се надеваат дека пристигнувањето на Бертолачи ќе ја пополни празнината по продажбата на Денис Прат изминатото лето. На Сампдорија итно им треба одредена искра во својата игра, бидејќи го заземаат последното место на табелата во Серија А со 1 победа и 6 порази.