Сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро, се согласи да го продаде клубот на конзорциумот Аквилор, претставуван во разговорите од легендата Џанлука Вијали.
Самиот Фереро веќе го информирал раководството на Италијанската фудбалска федерација, како и претставници на други клубови во Серија А, за неговата одлука. Првиот човек на Сампдорија имал неколку понуди, а според медиумите во Италија, ја прифатил понудата од англискиот Аквилор фонд.
Еден од условите на продажба е Фереро да остане член на Управниот одбор на Сампдорија за преоден период од неколку месеци, додека Виали и неговите партнери од фондот не ги преземаат 100% обврските во клубот. Минатата сезона Сампдорија заврши на 9-то место во првенството на Италија.