Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Сампдорија сака да го врати Габиадини во Италија
    Фудбал

    Сампдорија сака да го врати Габиадини во Италија

    risteBy riste08/01/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Раководството на Сампдорија води преговори со Саутемптон за привлекување на напаѓачот Маноло Габиадини, соопштува „Скај Спортс”.

    Клубот од Џенова сака да го врати Габиадини во Калчо лигата со позајмица до крајот на сезоната со опција за купување во текот на летото за 12 милиони евра.

    27-годишниот Италијанец е со статус на резерва на „Сент Мери”, а има постигнато само 1 гол во 12 натпревари за островјаните во Премиер лигата оваа сезона.

    Габиадини беше донесен во Саутемптон од Наполи пред две години за 17 милиони евра, а на крајот на претходната сезона  тој го постигна клучниот гол за победата над Свонси со 1:0 како гостин во првенството која му обезбеди опстанок на неговиот тим во елитата. Напаѓачот е следен уште од Болоња, Севиља и московските ЦСКА и Спартак.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус

    29/01/2023

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.