Очекуваното седмо засилување на Милан, Самуел Чуквуезе конечно пристигна во Милано за да го комплетира трансферот од Виљареал вреден 20+8 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Нигериецот се очекуваше во градот пред неколку дена, но дури попладнево слета на аеродромот во Милано. Малку подоцна тој се упати во клиниката „Ла Мадонина“ за да ги направи задолжителните лекарски прегледи, по што ќе го потпише својот петгодишен договор со клубот. Сепак, Чуквуезе најверојатно нема да замине во САД, каде што неговите соиграчи се на турнеја, поради бирократски пречки. Наместо тоа, кондицијата ќе ја одржува преку тренинзи во клупската база.
Во меѓувреме меидумите во Италија пишуваат дека Милан продолжува со напорите да ја простигне својата следна голема цел, а тоа е играчот од средниот ред на Валенсија, Јунус Муса. Милан даде понуда во износ од 18+2 милиони евра, што сепак е помалку од 23-25 милиони евра колку што чини американскиот интернационалец. Самиот играч инсистира да се пресели на „Сан Сиро“ откако се договори со миланскиот гигант за четиригодишен договор со плата од 2 милиони евра по сезона.