Еден од играчите на Манчестер Јунајтед, за кој се мислеше дека се во затегнати односи со Жозе Мурињо – Алексис Санчез, добил опклада со својот соиграч Маркос Рохо за разрешувањето на португалецот, објави весникот „Сан“.
Според информациите веднаш штом ја дознал информацијата за смената на Мурињо, Алексис Санчез испратил порака до своите соиграчи, велејќи: „Ви реков! Потребно е само трпеливост. Рохо ми должиш 20.000 фунти”.
Во моментов, Санчез, кој е најскапиот играч во клубот, е во неговата родна земја Чиле, каде што ја санира повредата.