Италијанските фудбалски состави Милан и Јувентус, се заинтересирани за португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез, објавија дел од медиумите на „Чизмата“.
Тој втора сезона игра фантастично во Лил со што го привлече вниманието на многу европски гиганти. Санчез е еден од најдобрите на неговата позиција и на Европското првенство.
Според наводите, францускиот состав за потписот на Португалецот бара 30 милиони евра.

